Во вторник (14.04) во 18:00 часот на Архитектонски факултет, ќе се одржи осмиот Студентски пленум.
Од Студентскиот пленум велат дека учеството во пишување на новиот Закон за високо образование во никој случај не го прекинува делувањето на Студентскиот пленум во битката за подобар студентски стандард, како и во одбраната на правата на студентите.
„Законот можеби беше последната капка што ја прели чашата за студентите, но никако не беше единствениот проблем. Студентската борба трае!“, велат од пленумот во најавата за настанот.