Во сабота, 2 ноември, Штип ќе биде местото каде што ќе се одржува најголемата drum&bass забава во земјава.
По осми пат, во Домот на млади во Штип се организира фестивалот RUN MK, каде покрај македонските музичари доаѓаат гости од Нов Зеланд и Србија. Фестивалот се отвора во 21 часот, а ќе трае до раните утрински часови.
Овогодинешниот line up се состои од:
▷ TREI | Wellington NZ | SOM MUSIC | New Zealand
▷ COOBY SELECTA | MUSTNET | Serbia
▷ ROOTSMAN I | NATTY FIYAH | Macedonia
▷ PUK’KAH | D2 | Macedonia
▷ S.A.M. | The BASSMIGHTY Kreatorz | Macedonia
▷ NIKOLA | DNB KU | Macedonia
Веќе е пуштен и официјалниот спот за настанот, а повеќе информации има на официјалната Фејсбук страница.