Осмо издание на „Refresh Festival“ во Котор

Овогодинешното осмо издание на „Refresh“ фестивалот кој од 7 до 9 август ќе се одржи во Котор, Црна Гора покрај главниот подиум, за прв пат најавува програма за љубителите на транс музиката. Локацијата за овој летен фестивал е прекрасната дискотека Maximus каде ќе настапат голем број на светски изведувачи, како и музичари од Црна Гора и регионот.

Котор

На 7 август, на транс подиумот ќе настапат Ian Standerwick , DJ Krusty и Aquapipe.

„Со големо нетрпение го очекувам мојот настап на Црногорското приморје! Ви спремам одличен сет со моите најпознати синглови како и најактуелните траки во моментов на транс сцената ширум светот. Дојдете, поздравете се, би ми претставувало задоволство да ве запознаам сите Вас на „Refresh’ фестивалот“, вели DJ Standerwick чии синглови се издадени од страна на „Armada”, „Future Sound of Egypt”, „Enhanched” и уште многу други продукциски куќи омилени меѓу транс публиката.

Во петок, ѕвезда на транс подиумот е младиот диџеј од Шкотска Will Atkinson , додека во сабота, на 9 август 2014 настапува Claudia Cazacu.

Како дел од програмата за ова издание на фестивалот, на другите подиуми се најавуваат и настапите на Mauro Picotto, Octave One, Steve Bug , Kaiserdisco , Jimmy Van M , Dj Mladen Tomic , STANDERWICK , Tehno Klinika + Audiostorm и други.

За повеќе информации околу Refresh фестивалот и целосната пограма посетете го официјалниот Фејсбук настан. Цената за сите 3 дена изнесува 20 евра, додека пак еднодневните влезници чинат по 10 евра.