Осмото издание на Скопје Винил Конвенција ќе се оддржи во сабота (5 октомври) во Куршумли Ан.
„Како и секоја година очекувајте преку 30 продавачи и дилери на плочи, 30 диџеи на 3 сцени, највкусна храна и пијачки, детско катче и уште многу активности“, се вели во најавата.
Хедлајнер оваа година е единствениот продуцент кој во неговата кариера има работено и со двајцата, Biggie Smalls и 2pac, Easy Mo Bee. Тој заедно со Jim Sharp (Dusty Donuts, London) гостува во Скопје, како дел од нивната „Ready To Die 30th Anniversary“ турнеја.
„Easy Mo Bee е продуцент и добитник на 9 греми награди, кој има продуцирано речиси половина од култниот албум на Notorious BIG од 1994 ‘Ready To Die’. Можете да очекувате сет на 45ки од оригинални семплови и траки од албумот, како и останати негови продукции од импресивниот каталог и соработки со легенди како Nas, Craig Mack, 2pac, Miles Davis, Das EFX, The Lost Boyz, LL Cool J, Busta Rhymes, Mos Def, Big Daddy Kane, Crystal Waters, Da Brat, Heavy D, Slick Rick, Public Enemy“, велат организаторите.
Програмата започнува во 12 часот, а ќе трае до 1 по полноќ. Во продолжение погледнете го распоредот на диџеи:
View this post on Instagram