Осмоодделенците денеска ги добија резултатите од екстерното оценување и тие имаат просечна оценка од 3,53, информираше министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Резултатите од двата предмети кои ги полагаа осмооделенците беа соопштени бидејќи тие до 24 јуни треба да ги комплетираат документите за запишувањето во средните училишта. Останатите основци и средношколци оценките ќе ги добијат од понеделник.
Во втората испитна сесија, од 17-ти до 21 јуни, екстерно ќе бидат тестирани околку 15.000 ученици, кои претходно не беа тестирани како и одреден процент на ученици кои имале технички проблеми при полагањето.
„Секое дете кое смета дека имало извесен проблем во првиот дел во тестот, а тоа ние го евидентираме врз основа на приговорите на училиштата, ќе може да преполага во втората редовна сесија. Апелирам да не чувствуваат страв од полагањето. Тоа не е повторување, туку дополнителна шанса никој да не биде оштетен. Ако не можат да стигнат за 17-ти и 18 јуни, ќе има трета, вонредна сесија на крајот на август само за овие деца“, истакна Ристовски.