Во борбата за декриминализирање на канабисот, како медицински, така и во реакреативни цели, се приклучува новото здружение „Билка“ од Скопје, основано во април од седум граѓани.
Оттаму информираат дека во наредниот период интензивно ќе работат на подигнување на свеста во општеството за позитивните импликации и придобивки од канабисот, организирање на научни конференции и работилници од областите на интерес, активна соработка со останатите здруженија и организации кои имаат исти или слични цели, и посветено ќе работиме на подигнување на свеста за потребата од заштита на животната средина.
Тие ја поздравуваат позитивната клима, како и позитивните Законски измени во Законот за опојни дроги со кои се овозможува употреба на канабис во медицински цели, како и уважувајќи ги позитивните промени,како во законските одредби, така и во менталитетот на институциите.
„Нотирајќи ја потребата од менување на институционализираниот, генерално негативен став на надлежните институции, Здружението за декриминализација на канабис ќе соработува со сите владини институции и тела кои се надлежни по прашањата кои се од интерес за работата на Здружението БИЛКА-Скопје.
БИЛКА-Скопје изразува надеж, дека со својата работа ќе поттикне и ќе помогне да се реализира една од основните цели на здружението-генерална декриминализација на канабисотг, како и надеж дека со својата работа ќе влијае врз надлежните институции да алоцираат доволно ресурси во борбата за заштита и унапредување на животната средина, што претставува уставно загарантирано право на граѓаните, како такво инкорпорирано во член 43 од Уставот на Република Македонија“, велат од новото здружение.