„Ино Фаб Лаб“, првото студио за прототипирање лоцирано на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, започна со проектот „Дигитален пластичен отпад“.
Преку него, ученици и наставници од четири основни училишта во Скопје, Штип, Тетово и Битола треба да стекнат практични знаења и вештини за современите 3Д технологии, како што се 3Д печатење, 3Д скенирање и креирање g-кодови.
За време на проектот учениците ќе собираат пластични шишиња и ќе научат како со помош на технологијата за шредирање и екструзија може да се произведе филамент за 3Д печатење.
„Со првите две предавања во основните училишта ‘Димитар Влахов’ во Штип и ‘Гоце Делчев’ во Тетово го започнуваме проектот ‘Дигитален пластичен отпад’ кој веруваме дека ќе им даде практични вештини и знаења“, велат од студиото.
Фото: Ино Фаб Лаб