Група деца, помлади од 15 години го нападнале и тешко го повредиле професорот по математика Иван Јанеш, додека ги чекал сопругата и детето покрај железничката станица во Нови Сад, јавуваат српските медиуми.
Според наставникот, група деца стари меѓу 12 и 15 години го нападнале со извици „ти си педер“, го удирале и му нанеле тешки повреди. Јанеш раскажува дека седнал на клупа во парк за да ги почека сопругата и синот. Децата му се приближиле и го прашале колку е часот, по што го нападнале. Тој вели дека помислел да се брани, но потоа почнал да бега, затоа што не сакал да се тепа со децата. Тие го собориле од велосипедот и продолжиле да го тепаат.
Полицијата трага по децата-напаѓачи.
Извор: Б92