Осумгодишна ученичка е еден од авторите на труд објавен во научно списание

Минатата година Никола Спенсер напишал мејл до Друштвото на ентомолози во Канада објаснувајќи дека неговата ќерка, Софија, која тогаш имала седум годиини, била малтретирана од соучениците поради нејзината љубов кон инсектите.

Таа се надевала дека друштвото ќе може да ја поврзи со професионален ентомолг кој ќе може да и ги одговори нејзините прашања во врска со инсектите, што на крај доведе до повеќе од 100 пораки за поддршка и научен труд што ја истражува комуникацијата помеѓу науката и социјалните мрежи.

„Се уште сум шокиран од големата поддршка, охрабрувањето и љубезноста што ја доби Софија од луѓето низ целиот свет“, изјави Никола.

„Беше неверојатна помош за неа и тоа и даде надеж да продолжи да го следи нејзиниот пат во животот и да се спротивстави на насилниците“.

Друштвото објавило анонимна верзија од нејзиното писмо на Твитер, користејќи го хаштагот BugsR4Girls, („Инсектите се за девојчиња“) и побараа заинтересираните ентомолози да ги контактираат.

Тие потоа добиле 135 пораки од професионални ентомолози и научници, како и од луѓе кои сакале да ја изразат својата поддршка за Софија.

„За неколку дена, Софија имаше понуди да зборува за бубачки од ентомолози од целиот свет, како и стотици писма за охрабрување од научници и луѓе од секоја категорија на животот“, вели Морган Џексон, човекот кој го испратил оригиналниот „твит“ до друштвото.

„Интернетот обично е опишуван како ужасно место, но мислам едка ова беше еден случај кој демонстрираше колку само добрина има на светот и како внатрешното поврзување на социјалните мрежи може да ја спои таа добрина за поддршка на малата девојка на која и беше потребна помош и охрабрување“.

На Џексон подоцна му било понудено да ја напише приказната за Годишното списание на ентомолошкото друштво на Америка, и тој ја покани Софија да биде еден од авторите со цел да ја раскаже својата приказна.

„Навистина се чувствував добро за тоа што се случи минатата година“, рече Софија. „Имав шанса да видам многу девојки во науката, кои исто така биле малтретирани, но тие сепак успеале да станат она што го сакаат“.

„Ми се допадна тоа бидејќи знам дека можам да направам што сакам, дури ако другите деца не ги сакаат истите работи како мене“.