Во среда, 31 јануари, во 17:30 часот ќе започне зимското ноќно искачување на Водно.
Патеката по која учесниците ќе се искачуваат е долга речиси 5 километри и се приближно 2 часа.
Зборно место е основното училиште „Кочо Рацин”, а на истото место е и враќањето, најдоцна до 11 часот.
Оние кои сакаат, пак, да тргнат од Средно Водно, треба да бидат кај фонтаната во 18:10 часот.
Во текот на искачувањето ќе има една пауза од 5 до 10 минути (на Средно Водно).
Задолжителна опрема:
– Соодветни зимски чевли за пешачење
– фенерче*
– Топла облека
– Ракавици, шал и Капа.
– резервна маица
– 0,5 литри вода
– овошје, и храна по избор
– Ранец
– Фотоапарат
– Пари за чај
Организаторите препорачуваат, во случај да се пријави некој со послаби кондициони способности, да се искачи само до средно водно. Воедно, нагласуваат дека секој е на своја одговорност.