Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ го откажа најавениот протест, кој требаше да се одржи во среда, на 27 јули, пред Влада.
„Нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции. Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува“, истакнаа од Иницијативата.
Начелно, протестот беше најавен бидејќи од Иницијативата истакнаа дека ниту еден клуб во Скопје сè уште нема добиено лиценца за работа.
Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ најави протест на 27 јули