Научници на Универзитетот на Западна Австралија го открија најголемото растение на планетата што се наоѓа на под водите на Индискиот океан во заливот „Ајкула“ со површина три пати поголема од Менхетн.
Се верува дека растението започнало да се размножува од само едно семе во текот на последните 4.500 години и денес зафаќа простор од 200 квадратни километри, односно колку 20.000 фудбалски игралишта, пренесува „Би-Би-Си“.
Тимот научници случајно наишол на ова откритие на заливот што северно од градот Перт со примарна цел да ја испитуваат генетската разновидност на видот познат како „Лента плевел“ (Ribbon weed) што се наоѓа долж австралискиот брег.
Тие собирале пупки од целиот брег и испитале 18.000 генетички примероци со цел да креираат отпечаток од секој од нив што ќе им покаже од колку различни растенија е создадена подводната ливада.
„Одговорот навистина нè изненади, тоа е само едно растение. Тоа е само едно растение што се проширило на 180 километри во заливот „Ајкула“ што го прави најголемото растение на светот, изјави Џејн Еџело, водечкиот автор на студијата од истражувањето.