„На 12 април (петок) во Центарот за култура „Иљо Антевски Смок“ во Тетово, љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да ја погледнат премиерата на театарската престава „Отпишани“, во режија на Владимир Јовановски. Преставата ја подготвува детското драмско студио заедно со драмското студио за возрасни во Тетово.
Во претставата учествуваат околу 30 актери од двете групи, а меѓу нив се и реномирани актерски имиња, добро познати на тетовската публика. Спојот на младоста и искуството создаде престава која на комичен начин го преставува дејствието на Втората светка војна. „Отпишани“ е уште еден паметник за ужасот и последиците кои ги остави Втората светка војна и триумфот на човештвото. Низ комичната игра се преставува снаодливоста на мала група жители на Тетово за време на војната.
Тетовчани со нетрпение ја очекуваат премиерата на преставата. До крајот на оваа година, планирани се изведби и на други театарски престави. Детското драмско студио најголемиот успех го постигна со последната престава „Магионичарот“ изведена на драмскиот аматерски фестивал во Кочани, каде што младите актери го освоија првото место.
Бобан Костадиновски