Пена со непријатна миризба ги покрила домовите и канцелариите на жителите во Богота, а луѓето ја напуштиле населбата Москера поради наредбите за евакуација од властите, пренесува „Гардијан“.
Пената преправила загадена река во близина на Богота, а на фотографиите споделени од градските власти може да се забележи како наносите на пена ги преплавува улиците и лебди над жителите. Пената го блокирала и патот до локалното училиште.
„Мирисот е неподнослив, а ние се справуваме со загадувањето веќе подолго време. Под ризик сме. Доколку некој падне, нема да можеме да го најдеме“, изјавил локалец за колумбиска телевизија.
Локалните власти за животна средина изјавиле дека загадувачката пена, која неколкупати претходно се појавила во населбата, се зголемува бидејќи луѓето фрлаат отпад, хемикалии и детергенти во речните корита. Дополнително, ситуацијата се влошува и поради дождовите.
Фотографии од пената биле објавени на Твитер од страна на градоначалникот на Москера, Џијан Геромета, кој тврди дека пената се појавила поради блокада во реката предизвикана од растенија.
„Свесни сме за ризиците кои може да настанат од овој феномен“, напишал тој.
Властите ги предупредиле локалците да не се приближуваат до пената, која може да предизвика респираторни проблеми и иритација на кожата.
„Важно е децата да се евакуираат бидејќи не знаеме што точно се содржи во пената. Ние ќе ја надгледуваме и чистиме реката за да спречиме понатамошно создавање на пената“, изјави Едвин Гарсија, функционер за животна средина, додавајќи дека прочистителна станица работи на прочистување на водата од 2020 година.