Кусо по бурните реакции на социјалните мрежи, е отстранета фотографијата со која албанскиот премиер Еди Рама ги пофали природните убавини во својата земја.
Фотографијата на која се гледаат водопадите на Лешница на Шар Планина, во близина на село Бозовце, веќе не е достапна на неговата официјална Фејсбук страница без појаснување или извинување за грешката.
Случајот предизвика револт на социјалните мрежи меѓу граѓаните од двете соседни држави, кои од утрово се убедуваа чија е Лешница прикажана на фотографијата.
Радио МОФ го контактираше авторот на фотографијата, младиот планинар Африм Тахирај од Албанија, кој неодамна ги посетил своите роднини во Бозовце и ги споделил фотографиите на својот Инстаграм профил од местото.
Проблемот, како што рече тој, настанал кога фотографијата почнала да се споделува без опис. Па, така стигна и до премиерот Рама.
„Така е кога никој не ме прашува“ – авторот за фотографијата од Лешница што ја објави Еди Рама