Со почеток во 20 часот, вечерва (14 март) во Културно-социјалниот простор Центар Јадро ќе се отвори изложбата „За Возбудувачот“ – дигитална фотографија од Лука Кекиќ.
„’За Возбудувачот’, проект на дигитална фотографија од Лука Кекиќ, кој ја симболизира неговата потреба за нова перспектива и неговото истражување на актуелниот свет. Изложбата е составена од фотографии чии визуелен стил е концентриран околу улична фотографија и флорална фотографија, во негативни и термички ефекти. Покрај самите фотографии, овој проект вклучува и видео инсталација, која е придружена со оригинален саундтрак, кој е инспириран и зима примероци на звуците снимени од телескопите Хабл и Џејмс Веб на НАСА. Главната инспирација за оваа изложба е теоријата дека не сите луѓе ги гледаат боите исти, и дека црвеното на еден поединец може да биде сино на друг, па оттука произлегуваат визуелно претставените абнормални бои“, се посочува во најавата за настанот.
Целта на изложбата, како што посочуваат организаторите е ѝ овозможи на публиката нова „перспектива“ за светот во кој живееме и да ја мотивира мислата дека секој поединец има различна перцепција и идеја за животот.