Во четврток (25 април), со почеток од 19 часот во галерија „Метаноја” ќе биде отворена изложбата на уметникот Панче Ѓорѓиев насловена „Дрвото на животот”.
Како што информираат организаторите оваа изложба е прва во склоп на уметничката резиденција која „Галерија Метаноја“ ја остварува во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“.
Инаку, Панче Ѓорѓиев завршил педагошка академија во класата на Проф. Ристо Калчевски и Данчо Ордев. Учествувал во повеќе групни изложби во Македонија и во странство, а реализирал и 12 самостојни изложби. Неговите дела се наоѓаат во повеќе приватни колекции во земјава и во странство. Работи како професор по ликовно образование во ООУ „Маршал Тито” во Муртино и ООУ „Борис Трајковски” во Моноспитово.
Изложбата ќе биде отворена до крајот на мај 2024 година.
Повеќе детали за изложбата може да најдете тука.