Во петок, 16 декември 2016, во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје, ве покануваме на на отворањето на изложбата „Маси како уметнички слики: уметност, дизајн и традиционални творби“, којашто ги прикажува креациите на француските дизајнери кои работат за елитни призводители на кујнски прибор.
Ќе бидат претставени дела од познати и потврдени, но и од млади француски дизајнери на современ кујнски прибор и прибор од кристал. Оваа изложба, којашто беше поставенa во повеќе земји низ светот и беше високо посетена, се реализира во соработка со Музејот на современата уметност во Скопје.
Отворањето ќе се одвива во присуство на г-дин Антони Лебосе, реномиран француски дизајнер, директор на студиото 5.5 во Париз и почесен гостин на настанот.
Г-дин Лебосе, пред отворањето на изложбата, во 19 часот, во просториите на МСУ, ќе одржи предавање на тема „Францускиот дизајн низ примерот на познато дизајнерско студио“.
Влезот на предавањето е отворен и за истиот има обезбедено консекутивен превод.
Истиот ден, во 15 часот, во Јавна соба, ќе се одржи и професионална средба помеѓу г-дин Антони Лебосе и македонските дизајнери.