Самостојната изложба „Врамена различност“ од Мартин Џепароски ќе биде отворена во понеделник (3 април) во 19 часот во галерискиот простор на Порта Македонија.
„Изложбата ги претставува истражувањата на авторот за различностите, но и за сличностите меѓу луѓето и животните. Авторот ослободен од правилата, но со голем силен и експлозивен набој на емоции верува дека на платната може да талка кон она што сака да го претстави а во основа е непретставливо. Сето ова на тој начин станува само еден дел од светот на неговите врамени различности“, се вели во описот.
Мартин Џепароски е роден завршил средно училиште „Лазар Личеноски” во Скопје отсек вајарство. Дипломирал на вајарство и сценографија на Факултетот за ликовни уметности во 2015 година во класата на проф. Ибрахим Беди.