Првиот „Отворен час“ оваа година во Јавна соба ќе се одржи на 24 јануари во 19 часот со театарскиот режисер Слободан Унковски, кој е поранешен професор по театарска режија на Факултетот за Драмски уметности во Скопје.
„Ја имаме честа да бидеме организатори на неговото прво предавање кога било надвор од Факултетот за Драмски уметности во Скопје! Темата на овој час е театарската режија“, велат од „Театар за сите“.
Со професорот Унковски ќе се разговара за процесот на правење театарска претстава, подготовките на режисерот, односот на режисерот со актерите, како и за неговиот метод на режија: медуза техниката.
Сите заинтересирани можат да го пријават своето присуство на teatar.za.site@gmail.com, каде треба да остават име и презиме.