Отворен час за глума за деца и млади денеска во ДК „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода

Првиот отворен промотивен час на училиштето за глума „Отпишани“ ќе се одржи вечерва со почеток од 20 часот во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода.

„На овој отворен час детската публика ќе може да учествува и да се запознае со некои од актерските вежби, техники и чекори преку игра и забава, а родителите ќе можат подетеално да се запознаат со програмата и начинот на работа на училиштето“, велат од „Отпишани“.

Актерскиот занает ќе го предаваат Благој Чоревски и Ирена Илиевска. Наставната програма опфаќа театарска глума, театарска режија, филмска и телевизиска глума и градење однос кон камерата, драмско пишување, јавно говорење и јавен настап, поттикување на социјализација, подобрување на комуникациските вештини, развивање на креативен потенцијал и зголемување на самодовербата.

Наставата ќе се одвива во три возрасни групи:
1. Ученици од 6 до 9 години
2. Ученици од 10 до 14 години
3. Ученици од 15 до 22 години

„Членарината за социјално ранливи категории на ученици е бесплатна“, информираат оттаму.

За потврдување на присуството на промотивниот час, потребно е да се пополни формуларот на следниот линк. А, за повеќе информации заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 078/440-051 (Марјан) или да пишат на е-маил адресата teatarotpisani@gmail.com.

Проектот е во заедничка соработка помеѓу Театар „Отпишани“ и ДК Билјана Беличанец – Кисела Вода.