„Театар за сите“ организира отворен час за театарска продукција со Русе Арсов во недела, 17 декември, во 18.00 часот, на поткровјето на Јавна соба.
Русе Арсов е програмски уредник во Младински културен центар, извршен продуцент и член на програмскиот совет на фестивалот „Млад отворен театар“. Темата на овој Отворен час е театарска продукција.
Што работи еден продуцент; кому „му припаѓа“ театарската претстава: на продуцентот или на режисерот; што сѐ е потребно за да се организира една театарска претстава; кои се разликите и сличностите помеѓу институционалната и независната театарска продукција и др., се само дел од прашањата околу кои ќе се разговара на овој час.
Часот е бесплатен, а организаторите советуваат сите заинтересирани да си резервираат место испраќајќи име и презиме на teatar.za.site@gmail.com.
„Театар за сите“ по третпат го организира овој настан. Досега отворени часови држеа професорката Синоличка Трпкова и Никола Ристановски со Ангела Димитрова.