„Отворен ден“ на УКИМ со концерт на студентите од ФМУ, дефиле и фолклорен настап

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 22 aвгуст организира „Отворен ден“ за сите студенти. На настанот ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, ќе се презентираат активностите од студентите, центрите за кариера, алумни асоцијацијата на УКИМ.

Настанот ќе биде збогатен и со уметничка програма. Така, во 18:00 часот е најавена програма на студентите на Факултетот за музичка уметност, проследена со видео презентација на единиците на УКИМ и со филмот подготвен по повод 70-годишнината на Универзитетот. Во 19:00 часот пак ќе има дефиле на учесниците на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал и Етно фестивал на солидарноста, додека во 20:00 часот е најавен настап на фолклорните групи.

Во текот на целиот настан ќе биде овозможено онлајн регистрирање на кандидатите заинтересирани за запишување во „I-know“ системот со набавка на потребните пријавни листови, соопштија од УКИМ.