Со цел подигнување на свеста за вдомување на бездомни кучиња на 29 април прифатилиштето на ЈП „Лајка“ организира отворен ден за љубителите на кучиња.
Сите оние кои сакааат да придонесат волонтерски за подобрување на благосостојбата на бездомните кучиња можат да испратат меил на volontiraj@lajka.com.mk и да бидат дел од отворениот ден, кој се организира ден пред Светскиот ден, поради празничниот продолжен викенд.
„Одбележувајќи го овој ден ги охрабруваме сите заинтересирани граѓани кои размислуваат да вдомат миленик, да вдомат некое од прекрасните бездомни кучиња кои се згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка. Воедно им се заблагодаруваме и на граѓаните кои веќе вдомија и го избраа својот најдобар другар токму од Лајка. Вдомувањето на куче не само што го спасува неговиот живот, туку ги подобрува сопственото психофизичко здравје и среќа“, велат од прифатилиштето.
Оттаму додават и дека со вдомување се придонесува за намалување на популацијата на бездомни кучиња во Скопје, односно дека секое вдомено куче, значи едно куче помалку на улица.