Во организација на Македонија 2025 денеска ќе се одржи Отворен ден за едукативни програми на кој ќе бидат претставени неколку програми за целосно студирање, програми за усовршување вештини во деловниот свет и управување со компании, како и можности за стипендирање.
На настанот ќе бидат претставени програмите што ги овозможува Одборот за едукација на Македонија2025 во соработка со неколку видни универзитети во САД и Канада. Во овој дел ќе бидат претставени програмите на школото за бизнис и менаџмент Келог, центарот за едукација на извршен кадар Шулух, Лидер Проект на школото за бизнис Ричард Ајви и програмата за претприемачи на Џон Битов.
Во рамки на Отворениот ден ќе биде претставена и програмата за додипломски и постдипломски студии на Руската претседателска академија во Москва, РАНЕПА.
Дел од поранешните учесници на едукативните програми на присутните ќе им го претстават своето искуство, а членот на Клубот на лидери на Македонија2025, Никола Ќурчиски и висок претставник на РАНЕПА ќе ги претстават разновидните можности за стипендирано студирање во оваа институција.