Асоцијација за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А најавува отворен ден за млади, во сабота на 18 јуни во младинските центри „Сакам да знам“ на Водно и во Шуто Оризари.
Настанот е отворен за сите оние што сакате да го искористат своето време за учење нови работи, волонтирање, но и за оние што сакаат да се активираат во борбата за подобра иднина и заштита на младинските права.
„Повелете во сабота на 18ти јуни дознајте повеќе за ХЕРАМлади. Дознајте какви сектори имаат нашите волонтери и каде може вие да се пронајдете. Дојдете ќе имаме и квиз и рели, можеби ќе добиете скромна награда“, се наведува во повикот за отворениот ден.
Настанот ќе биде отворен од 12 до 15 часот.