Студентите кои годинава се запишуваат во прва година на факултет од денес (10 септември) може да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови.
Оваа академска година за бруцошите се предвидени 1.034 студентски легла.
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и тоа:
1. Потврда за редовност во текот на студиите;
2. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години;
3. Заверен образец „УППИ”;
4. Студентите запишани за првпат во I година, потребно е да прикачат копија од дипломата за завршено средно образование и потврда за запишани редовни студии (или друг документ со кој ќе потврдат дека се примени на факултет);
5. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото потесно семејство;
6. Кандидатите-студенти без родители и родителска грижа (да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители) и студенти кои се категоризирани како лица со посебни потреби (да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој) со кој ќе го докажат нивниот статус;
7. Изјава за користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка;
8. Изјава за идентичност на податоците;
9. Изјава од родител – старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
10. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец Јуни 2024 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисниците на социјална помош да се прикачи последното решение или последен чек, за инвалидитет да се прикачи лекарска белешка, додека за членовите на потесното семејство (браќа/сестри на кандидатот), кои се ученици/студенти, се прикачува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
Рокот за аплицирање е отворен до 17 септември.
Конечниот список за прием на студенти од I година ќе биде објавен најдоцна до 30.09.2024 година на огласните табели во студентските домови каде што конкурирал студентот и на веб страницата на Министерството. Приговор по однос на резултатите од конкурсот се доставуваат во домот каде што аплицирал студентот во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.
Студентот се вселува во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој е примен, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.
Сите дополнителни информации се достапни на овој линк.