Министерството за култура информираше дека е објавен повикот за грантовата линија од Програмата „Креативна Европа“, потпрограма Култура на Европската Унија, насловена „Изведувачка Европа“ („Perform Europе“).
Станува збор за грантова линија која е наменета за соработка во областа на изведувачките уметности во 40-те земји учеснички во програмата „Креативна Европа“, меѓу кои е и Северна Македонија.
За повикот се одвоени средства во висина од 2,1 милиони евра, за поддршка на 35 партнерства, а во проектите да учествуваат минимум тројца партнери од минимум три земји од Креативна Европа. Секоја проект апликација да вклучуваа најмалку едно дело од областа на изведувачките уметности (со исклучок на музика во живо) што треба да биде претставено во минимум на три различни земји од програмата „Креативна Европа“.
Организациите и индивидуалците од областа на изведувачки уметности се повикани да креираат партнерства и да предложат влијателни идеи кои ќе генерираат вистински промени, фокусирајќи се барем на еден од наведените приоритети на овој повик: инклузивност и различност, како и борба против климатските промени.
Кандидатите можат да аплицираат за грантови во поделени во три категории и тоа: Мали партнерски проекти ( до 12 илјади евра), проекти со средно партнерство ( до 32 илјади евра), големи партнерски проекти ( до 60 илјади евра).
Краен рок за доставување на апликациите на овој повик на кој можат да учествуваат и македонските оператори, е 31 март 2024 година, 23:59 часот преку веб-страната на Perform Europе.
Партнерите апликантите може да ги најдат преку алатката за барање на партнери на веб страницата на Perform Europe.