Отворен и кариерен ден утре на УГД

Универзитетот „Гоце Делчев“ организира отворен и кариерен ден утре, 15 април, со почеток од 11 часот пред ректоратот во Штип.

Денот ќе биде отворен за средношколци, каде присутните ќе можат да ги истражат можностите за идни студии, да го запознаат факултетот кој им е од интерес и, како што велат од УГД, да искусат дел од студентскиот живот.

„Додека пак, студентите ќе имаат можност да се поврзат со најдобрите и најуспешните компании, да ги откријат можностите за кариера и професионален напредок“, додаваат од Универзитетот.