Отворен конкурс за најдобра фотографија и цртеж на тема „Мирот за мене е…“

Фондот за население на Обединетите нации објави отворен конкурс на тема „Мир за мене е“. На конкурсот ќе се избира најкреативен цртеж и фотографија, а на повикот може да се пријават сите средношколци.

„Мир“ е едноставен збор исполнет со голема комплексност и значење. За некои, мирот значи отсуство на насилство и слобода без страв од злоупотреба на човековите права и достоинство. За други, мирот е верзија на бескрајна среќа. Секој од нас си има своја дефиниција за мир. Мирот е лична особина. Сподели со нас што за тебе значи мирот“, се вели во соопштението на Фондот за население на Обединетите нации.

Оттаму посочуваат дека испратените дела можат да бидат изработени во било која техника, а конкурсот е отворен од 11 до 18 март 2021 година.

Заинтересираните своите цртежи и фотографии можат да ги испратат на peaceformeis@gmail.com.

Трите најдобри дела ќе бидат избрани и од двете категории. Наградата за првото место и во двете категории е таблет, наградата за второто место се блутут слушалки, а наградата за третото место и во двете категории е промотивен пакет.

Повеќе за конкурсот може да прочитате тука.

Драги средношколци!‍♀️‍♂️‍

Со радост ја споделуваме можноста за ваше учество во изборот на Најкреативен…

Posted by UNFPA MK on Thursday, March 11, 2021