Компанијата „Пакомак“ организира конкурс за најеколошка општина, а право на учество имаат сите општини во земјава, урбани и рурални. Конкурсот се однесува на сите активности и резултати кои општините ги имаат постигнато во 2020 година.
Општините ќе се оценуваат според три критериуми.
Во првиот критериум спаѓаат количините на собран и селектиран отпад од пакување во домаќинствата, деловните субјекти и од училиштата, а предвид ќе биде земен секој собран отпад како пластика, хартија, стакло, лименки, метал, но и електричен и електронски отпад.
Ќе се оценува и бројот на нови контејнери за селекција на отпад поставени на јавните површини во општините за 2020 година, но и пред овој период. Истовремено, ќе биде земен предвид и бројот на екокафулиња и ресторани во општината што селектираат стаклена амбалања како отпад од пакување, но и количините собрана стаклена амбалања како отпад од пакување.
Според вториот критериум ќе се оценува висината на средствата во општинскиот буџет предвидени за екологија за 2020 и висината на средства потрошени на проекти од животната средина од општинскиот буџет, уредени зелени површини во општината и број на новозасадени дрвја во општината.
Ќе се оценуваат и реализирани проекти поврзани со енергетска ефикасност и ублажување на климатските промени и поставување екофасади и соларни панели на јавни објекти и висина на доделени субвенции со цел намалување на загадувањето на воздухот, но и реализирани проекти за заштита на водите, воздухот и почбаѕа, како и проекти поврзани со отпадот и неговиот третман во општината.
Според третиот критериум ќе се оценуваат јавните кампањи што ги спроведува општината за засилување на јавната свест за значењето на селекцијата на отпадот, број на еколошки акции за чистење на диви депонии, како и бројот на редовните инспекциски контроли.
Конкурсот е отворен за пријавување до 31 август, 2021 година. Пријавата треба да се достави во електронска форма на мејлот i.brdaroski@pakomak.com.mk. Пријавата може да се преземе тука.