Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ) го започна конкурсот за учество и доделување на Голема годишна награда за 2023 година и за предлагање на можни добитници на наградата “Андреја Дамјанов“ за 2023 година.
Двете архитектонски награди преставуваат афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја.
Големата годишна награда на ААМ се однесува на најуспешно реализирано архитектонско дело, каде учесниците – архитекти со завршен VII степен на образование, со пријавување на своите авторски дела за тековната година може да го остварат своето право на учество.
Престижната награда „Андреја Дамјанов“ претставува признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градежништвото. Право за поднесување на предлог за можни добитници имаат членовите на ААМ, каде оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши петочлена комисија, во чии редови е и добитник на наградата “Андреја Дамјанов“.
Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов, а добитникот станува и член на Архитектонската Академија на ААМ.
Повеќе детали за аплицирањето се достапни тука.
Двете награди се доделуваат на македонски државјани, со рок за предавање на апликација за Големата годишна награда и рок за поднесување на предлози за наградата „Андреја Дамјанов“ до 4 декември.
Сите заинтересирани за Големата годишна награда за 2023 година и наградата „Андреја Дамјанов“ за 2023 година, повеќе информации можат да добијат на телефонскиот број 078 283 831, или на kontakt.aam@gmail.com