„ФИЛМАЈ”, фестивалoт на кратoк филм, организиран од фото-кино клуб “Козјак” – Куманово, од денес (13 декември 2021) почнува прием на пријави за конкурсот за фестивалското издание за 2022 година.
Кратките филмови, кои може да бидат играни и документарни (не и анимирани), со траење до 20 минути и завршени после 01.01.2018 година, може да се пријават преку платформите FilmFreeway и festhome до 20 март 2022 година, за да конкурираат за следниве награди:
– награда “Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија
– награда “Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија
– награда “Koзјак” за најдобрo сценарио
– награда за најдобар македонски (домашен) филм
Автори кои сакаат да пријават свој филм, на друг начин освен преку горенаведените платформи, може да пишат e-mail на filmaykozjak@gmail.com за да добивање инструкции за успешно аплицирање.
Детални информации за правилата и пропозициите ги има на веб-страна на фестивалот, а тековни известувања и новости ќе може да се следат на Facebook-страната, како и на FB-настанот .
Инаку, најдобар македонски филм на „ФИЛМАЈ 2021“ беше „Неонски срца“ на Ана Јакимска, а прв добитник на истата награда беше филмот „Налепница“ на Георги М. Унковски, на второто издание на „ФИЛМАЈ“ во 2020 година.
Резултати за наградените филмови на „ФИЛМАЈ 2022“ фестивалот на краток филм – Куманово се планира да бидат соопштени на 2 мај 2022, а фестивалот е предвиден да се одржи во Куманово на 27 мај 2022.