Општина Охрид денес го распиша конкурсот за наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ што се доделува по повод културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Наградата за најдобар расказ изнесува 30.000 денари.
„Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. ‘Димитар Влахов’ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ“, информираат од Општина Охрид.
Краен рок за пријавување на конкурсот е 29 јули, а резултатите ќе бидат објавени на 5 август.