Отворен е повикот за аплицирање за шестото издание на наградата на Европската Унија за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција. Шестото издание на наградата ќе ги признае иницијативите кои постигнале значаен напредок, конкретни одржливи резултати и позитивни промени во секторот на образование – предучилишно, основно и средно ниво.
Наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција има за цел да ја зајакне политичката посветеност и да ја поддржи интеграцијата на Ромите во регионот. Таа ги препознава иницијативите кои значително ги подобриле животите на Ромите и кои можат да бидат реплицирани во иднина.
Добитниците на наградите кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка е најавено дека ќе добијат парична награда од 7.500 евра за прва награда и 4.500 евра за втора награда. Дополнително, сите наградени ќе добијат и студиска посета во Брисел, Белгија.
Истовремено, најавено е и дека секој победник ќе добие статуа како симбол на признанието доделено од страна на „ЕС DG NEAR“ и самиот настан. Дополнително, сите наградени ќе имаат меѓународно признание преку церемонијата на доделување на наградата во Брисел и дополнително ќе присуствуваат на активностите што ќе се спроведуваат во исто време со доделувањето.
Наградата е финансирана од Европската Унија и имплементирана од Roma Active Albania, а повеќе информации за аплицирањето може да се најдат на следниов ЛИНК.
Краен рок за аплицирање е 28 февруари.