Во склоп на годишната програма на културниот-социјален простор Центар-Јадро ќе се одржи десетмесечен бесплатен курс за аудио продукција.
Часовите ќе се одржуваат еднаш седмично, во недела во просторот на Центар-Јадро (ул. Алберт Ајнштајн бр.2, поранешна месна заедница „Дане Крапчев“) и ќе бидат во времетраење од два часа со почеток од 15 до 17 часот.
Предавач ќе биде Владимир Аговски, дипломиран аудио инженер.
Пријавувањето трае 4 до 14 март на мејлор centar.jadro@gmail.com со назнака „Пријавување за курс за аудио продукција“.
Курсот започнува на 15 март (недела) во 15 часот. Бројот на местата е ограничен на 20 партиципиенти, со тоа што услов е да бидат редовни.
Курсот за аудио продукција ќе ги опфати следните основни теми: звукот и неговите карактеристики, студиска акустика, запознавање со аудио опрема и инсталирање,
работа со Cubase, наснимување на инструменти, изработка на нумера, микс, мастер и издаваштво.
„За изучување на овој курс не е обврзувачки да се има претходно познавање во областа на аудио продукцијата. Предавањата се осмислени на таков начин што, учесниците своите стекнати знаења во текот на курсот да ги применат на нумерата која што тие самите ќе ја изработуваат на часовите. Со завршување на истиот, тие веќе ќе имаат познавање од процесот на аудио продукција, а дел од нив ќе имаат и изработено музичка нумера. За поголем дел од предавањата ќе се делат печатени материјали во вид на мали скрипти, од темите кои што ќе се изучуваат на часот“, стои во повикот.
Повеќе информации за конкурсот ТУКА.