Во тек е отворениот повик за дизајнери, дизајн студија и компании од Македонија и регионот кои сакаат да ги претстават своите нови производи и услуги пред пошироката јавност на Неделата на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week) кое ќе се одржи оваа година 22-26 ноември.
Седмото издание на Skopje Design Week на јавноста ќе и понуди изложби од цела Европа, презентации, работилници со врвни дизајн практичари, забава, вмрежување и секако награди во три различни категории за дизајнери и компании.
Заинтересирани поединци и компании може да дознаат повеќе информации за учество на фестивалот на следната веб-страница.
За прв пат оваа година на Skopje Design Week изложбите ќе бидат поставени на две локации – Центарот за дизајн и иновации Public Room и продавницата за мебел и осветлување Lux Lightning and Living. На двете локации ќе можат да се видат дизајните на младите дизајнери од Балканот.
Унгарија преставувана од 20-тина врвни продукт дизајнери и иноватори е земја во фокус на овогодинешното издание на Неделата на дизајн во Скопје.
Дизајн на храна е новата дисциплина која е е отворена за пошироката јавност и ќе отвори врата за „не” дизајнери да се приклучат активно во програмските активности.
Музичката програма, предавањата, детските работилници и саемскиот дел се интергелена целина на секое издание на Skopje Design Week.