„Член 1 – Институт за глобални политики и право“ како истражувачка организација отворија повик за есеи со цел да придонесат кон апелот граѓаните да се придржуваат до социјалното дистанцирање и да поминуваат повеќе време дома.
Целта на повикот, како што велат од институтот, е да се допринесе кон збогатување на дебатата за влијанието на COVID19 врз соработката на меѓународните актери, но и кон акцијата #СедиДома #ОстаниДома.
Генералната тема за овој отворен повик за есеи е „Меѓународната соработка во време на пандемија“. А од „Член 1“ препорачуваат истражувачите да најдат подтема на која ќе се фокусираат во своите есеи. Како пример, тие нудат неколку поспецифични подтеми на кои заинтересираните можат да се фокусираат:
- Меѓународна соработка во рамките на меѓународните организации;
- Билатерална и/или мултилатерална меѓудржавна соработка;
- Меѓународна соработка меѓу недржавни актери во време на коронавирус пандемијата;
- Други режими на меѓународна соработка;
- Меѓународната соработка во областа на здравство/образование и наука/социо-економско заздравување на општествата/ трговија/ безбедност во време на коронавирус пандемијата.
Генерални информации:
- Есејот треба на биде напишан на македонски јазик и да биде помеѓу 800 и 1400 зборови.
- Есејот треба да биде напишан следејќи ги стандардите за академско пишување.
- Есејот треба да биде напишан на темата: „Меѓународна соработка во време на пандемија“.
- Учество во есејот може да земат истражувачи од полето на политиката и правото, со интерес во меѓународната политика и меѓународното право.
- Есеите треба да ги доставите на email адресата: article1institute@gmail.com до 15ти мај 2020 година.
- Есејот треба да биде придружуван со еден параграф вашата куса биографија и една ваша фотографија која ќе биде употребена за објавата на http://www.article1.mk
Повеќе информации за повикот за есеј може да најдете ТУКА.