Отворен е повикот „RYCOnnecting You(th)“ на RYCO за предлози за проекти за граѓански организации во регионот во областите на тема градење мир и помирување и зајакнување и активирање на младите во општеството.
„Општата цел е да се поддржи граѓанското општество во Западен Балкан да поттикне помирување, градење мир, регионална соработка и интеркултурно учење преку обезбедување на можности на младите луѓе кои создаваат простор за дијалог, заемно учење и зголемено разбирање низ целиот регион“, велат од RYCO.
Од меѓувладината организација информираат дека вкупниот финансиски буџет за овој повик е 300.000 евра, додека големината на грантовите е помеѓу минимум 15.000 евра и максимум 30.000 евра.
Право за аплицирање имаат непрофитни граѓански организации, основани во Западен Балкан 6, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, кои постојат минимум една година пред започнувањето на овој повик за апликации.
„Граѓанските организации може да се здружат со културни институции (приватни и јавни), спортски здруженија и организации во областа на спортот, синдикатите, образовните институции како што се универзитетите и институтите (јавни и приватни), младински неформални групи со докажано искуство за работа со и за млади луѓе во земјите од Западен Балкан 6“, пишува во повикот.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 15 август 2023 година.
Повеќе информации за може да се најдат тука.