ГЕТЕ-институт Скопје и ОСТЕН Светската галерија на карикатури Скопје започнаа проект за дигитална карикатура „ЕУ – работа во тек“.
Нивната цел е да се почувствува пулсот за тоа како „будното око на општеството“ – карикатуристите, ја перцепираат ЕУ и преку карикатурите да се пренесат пораки за европските вредности – заедништво, солидарност и заедничка иднина.
Проектот ги содржи следните активности:
– Два конкурси (отворени повици) за дигитални карикатури на тема „ЕУ“ (еден за млади карикатуристи 18-35 години / еден за етаблирани карикатуристи, над 35 години)
– Онлајн настан (онлајн дискусија на тема „ЕУ“ и симултано „цртање во живо“ со победниците на конкурсот за етаблирани карикатуристи)
– Креативна работилница (3-дневна работилница за процесот и техниките на креирање на карикатури која ќе ја држи првонаградениот карикатурист на конкурсот за етаблирани карикатуристи)
– Две онлајн изложби (една за млади / една за етаблирани карикатуристи) и една заедничка изложба на карикатури во галерија ОСТЕН, Скопје (како завршен настан на проектот).
Од вчера е отворен повик за првиот натпревар за карикатури кој е наменет за младите уметници.
Карикатуристите кои ќе победат ќе добијат плакета, ќе учествуваат на онлајн настан како членови на жири и во креативна работилница што ја оддржи победникот на натпреварот за етаблирани карикатуристи.
Сите карикатури пријавени на натпреварот ќе бидат изложени во заедничка изложба во галеријата ОСТЕН и онлајн. Ќе има вкупно 3 изложби – една онлајн изложба со дела од младите карикатуристи од првиот натпревар, друга онлајн изложба со дела на етаблираните карикатуристи од вториот натпревар и за завршниот настан ќе има заедничка изложба на двете групи во галеријата ОСТЕН во Скопје.
Повеќе информации за натпреварот на следниот ЛИНК.