Студентската културна иницијатива „Отворен Куфер“ ги повикува сите заинтересирани студентски движења/организации, како и сите студенти без разлика од кој факултет доаѓаат, да се вклучат во одбележувањето на 17 ноември – Меѓународниот ден на студентите.
Учесниците можат да се вклучат со организација на работилници, изложби, музички настан, перформанс, поетско читање, дискусија, било каква друга замисла.
„Нашата крајна цел е преку овој културен настан да ја пренесеме пораката за потребата за независен студентски простор во вид на културен центар кој ќе биде гнездо за размена на идеи, искуства и интеракција меѓу младите, како и да укаже на недостатокот од студентски културен живот’, се вели во поканата на студентската иницијатива „Отворен куфер“.
Повикот е отворен до понеделник (9 ноември). За дополнителни информации може да се обратете на otvorenkufer@gmail.com или на Фејсбук страницата на Отворен Куфер.