Отворен повик за работилници за филмска критика

„Гледај.мк“ во соработка со „Europe House“ организираат работилница за филмска критика која ќе се одржи во два термина и тоа 17 и 18 април и 15 и 16 мај.

„Работилниците за филмска критика ќе се одвиваат под водство на менторите Васко Маглешов (Филм+) и Јована Ѓорѓиовска (Гледај.мк). Освен учество на двете дводневни викенд работилници во април и мај, младите надежни рецензенти константно ќе се охрабруваат да ги развиваат своите вештини за креативно пишување и критичко мислење преку работа и објава на најмалку две филмски рецензии помеѓу двете викенд работилници“, известуваат организаторите.

Оттаму додаваат дека по завршувањето на работилниците, сите учесници ќе добијат можност за дополнително менторирање и редовно објавување на рецензиите на gledaj.mkc.mk и во партнерските медиуми (популарниот магазин „Портрет“, месечникот Филм+“, порталот Duart.hr ).

„ За сите оние кои имаат желба да гледаат филмови и да го споделат своето мислење преку рецензија (нема ограничувањa!), Гледај.мк ќе обезбеди и акредитации за филмски проекции и фестивали“, се вели во известувањето.

Сите заинтересирани  може да се пријават преку пополнување на формуларот на овој линк .

„Крајниот рок за пријавување на повикот е 9ти април (петок), а на 13ти април (вторник), 2021 година очекувајте повратен одговор. Работилниците се наменети за млади луѓе (помеѓу 16 и 29 години) кои живеат/престојуваат во Скопје“, известуваат организаторите.