Правната клиника по право на бегалци отвора повик за студенти за програмата во текот на зимскиот семестар за академската 2022/23.
„Правната клиника за право на бегалци (Refugee Law Clinic) претставува можност студентите да се стекнат со теоретско и практично знаење во врска со правото на бегалци и миграциите. Овој семестар предавањата ќе се спроведат во живо во просториите на Правен факултет ‘Јустинијан Први’ – Скопје“, се вели во повикот.
Од Клиниката посочуваат дека студентите ќе имаат можност да проследат предавања од универзитетски професори – ментори на правната клиника, како и предавања и работилници од страна на претставници на УНЦХР во Република Северна Македонија, Македонско здружение на млади правници, домашни и меѓународни експерти и практичари.
„Правната клиника за право на бегалци се спроведува од страна на Refugee law and Migration Center – ‘Iustinianus Primus’ Law Faculty, Skopje во рамки на стратешкото партнерство помеѓу Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Претставништвото на УНХЦР во Република Северна Македонија“, стои во повикот.
Предавањата почнуваат на 1 ноември 2022 година (вторник).
Регистрацијата трае до 28 октомври 2022.
За учество на правната клиника заинтересираните може да се регистрираат на следниот линк: https://forms.gle/1vnZooq1VUHCzwk79
За повеќе информации за правната клиника и учество во неа, отворен е контактот: lawclinicrefugees@gmail.com.