По повод третиот самит за Западен Балкан и земјите на Европската унија кој ќе се одржи во Париз на четврти јули, ќе биде одржан Форум за граѓанско општество на кој ќе се работи на креирање на нова визија за единство.
Во момент на егзистенцијална криза за европскиот проект, на слом на солидарноста и поткопување на фундаменталните права и демократијата во многу земји, од особена важност е да се смени наративот, да се создадат врски меѓу граѓаните и граѓанското општество низ Европа, пишува во повикот.
Европски алтернативи, ЕРСТЕ Фондацијата, Европскиот фонд за Балканот, Фридрих Еберт Стифтунг, Фондацијата Чарлс Леополд Мејер и Граѓаните за Европа, заедно го организираат дводневниот форум. Целта е да се воспостави процес на дијалог на граѓанското општество и соработка меѓу Западен Балкан и ЕУ.
Рокот за аплицирање е на трети јуни, а формуларот за аплицирање може да го најдете овде.
Форумот ќе биде посветен на четири основни области – приоритети за Западниот Балкан: миграција, климатски промени и зелен развој, билатерални конфликти и младинска соработка.