Отворен повик за учество на креативна работилница „Trash to art“

„Trash for art“, е креативна работилница која е отворена за сите ученици кои се грижат за животната средина и со рециклирање отпадот сакаат да создадат креативни творби или предмети со нова употребна вредност. Работилницата ќе се одржи на 12 март, сабота, а ќе трае четири часа, односно од 10 до 14 часот.

„Секој од учесниците пожелно е да донесе отпадни материјали за работилницата кои на крај ќе се предадат за рециклирање. Отпадните материјали (пластика, шишиња и др.) требада бидат добро измиени за да може учениците да работат со нив, а ние имаме обезбедено одредена количина на пластични шишиња од пијалоци“, велат организаторите.

Тие дополнуваат дека во случај на поголем интерес, работилниците ќе се одржат во повеќе термини во текот на 12 и 13 март 2022 година, а најдобрите дела ќе учествуваат во изборот за награди.

Учеството на работилницата е бесплатно за сите учесници, но нивниот број е ограничен. Приоритетот на учесници ќе биде според редоследот на пријавување, а заинтересираните треба да пополнат регистрација за учество.

Од организацијата истакнуваар дека секој учесник ќе добие маичка и ужинка за време на работилницата.