Отворен повикот за учество на 9-тиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија“ повторно се враќа во киносалите. По минатогодишното онлајн издание, деветтото издание на „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 7 до 12 октомри во Кинотеката, во Младинскиот културен центар и во Киното „Милениум“ во Скопје .

Организаторите напоменуваат дека веќе неколку дена е објавен повикот со кој се повикуваат сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество во меѓународното жири.

Во намален број заради протоколите за безбедност, околу 180 ученици од основните и средните училишта од градот заедно ќе гледаат филмови и ќе учествуваат на креативни работилници, мастеркласови и други интересни содржини.

За учесниците од странство и од другите градови во Македонија ќе биде обезбедена видеоконекција преку која ќе им се приклучат на своите врсници во активностите.

Пријавувањето е  отворено до 4 октомври (понеделник).

Формулар за пријава во категоријата Јуниори (VI, VII, VIII и IX одделение) – може да најдете ТУКА

Формулар за пријава во категориите Кадети и Сениори (I, II, III и IV година средно) – може да најдете ТУКА

Формулар за волонтери – може да го најдете ТУКА

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од македонската Агенција за филм и Министерството за култура, Град Скопје, партнерот од Италија – „Џифони Експиериенс“ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.