Детскиот едукативен центар „Жабец“ започнува со работа на 1 Ноември. Отворен е упис на деца слушатели на нивната иновативна програма, а наставата ќе се одржува во понеделник и среда во Природно научниот музеј до Зоолошката градина во Скопје.
Уписите важат за деца на возраст од 6 до 12 години.
„Жабец“ е фокусиран на детска програма за здрава исхрана, рециклажа, енергетска ефикасност, штедење на вода и електрична енергија, обновливи извори на енергија, развој на планинарење и велосипедизам.
30% од профитот на „Жабец“ оди за вклучување во наставата на социјално ранливи групи деца.