Денес и утре се одржува аудиција за актери и статисти во играниот филм „Сестра” во режија на Дина Дума. Заинтересираните може да се пријават на аудицијата од 10 до 18 часот во просториите на „Вардар филм“.
Продукциите „Круг филм“ и „Лист продукција“ соопштија дека филмот е приказна за соочување на две најдобри другарки тинејџерки со последиците од сопствените акции и е тест за нивното другарство.
„Ги повикуваме да дојдат сите кандидати заинтересирани за улогите во филмот, но и за статисти. Тие може да бидат на која било возраст или пол. Аудицијата ќе се состои од фотографирање и кратко видеопретставување, а ќе биде реализирана од кастинг-агенцијата „Гужва“, соопштија продукциите на „Сестра“, кој е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.