Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ вечерва организираат дебата на која ќе биде отворено прашањето за соодветна законска регулација на употребата на дроги.
Истовремено, во рамките на отворената дебата ќе биде промовиран вториот број на списанието „Дроги – Политики и практики“, чија носечка тема е „Дроги и законодавство“.
На дебатата ќе зборуваат: Мариглен Демири од „Солидарност“, Влатко Деков од здружението „ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје“, Филип Достовски од „Зелена алтернатива“ и Јака Битенц од Словенечкиот социјален клуб за канабис. Модератор на дебатата ќе биде Ирена Цветковиќ од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
Дебатата ќе започне во 19:30 часот, во просториите на Автономниот Културно Социјален Центар, на ул. „Борка Талески“ 26, 1000 Скопје.