Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош за настраданото население од поплавите во Тетово, соопштија од Црвен крст на Република Македонија.
Отворени се сметка и броеви на кои може да се донираат финансиски средства.
Донација од 100 денари се прави со повик на телефоните: 075/070/077 143 400, додека
сметката на Фонд на солидарност гласи: 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка.
Од Црвениот крст на РМ велат дека ги следат случувањата на терен и донираните парични средства ќе ги насочат наменски за помош на настраданото население од поплавите.
Според првичната процена, во моментот има потреба од помош во вода за пиење, средства за хигиена (средства за дезинфекција), храна и ќебиња.
Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 08,00 до 16,00 часот (контакт тел: 3 096 227), до 15 август.